Тесла ќе се задолжи 1,5 милијарди долари за да го зголеми производството на „моделот 3“

Американскиот производител на автомобилите Тесла ќе се задолжи 1,5 милијарди долари заради зголемување на производството на електричниот автомобил „модел 3“.

 

Компанијата денеска соопшти дека планира да понуди повластени обврзници во вредност од 1,5 милијарди долари кои доспеваат во 2025 година.

Извршниот директор Илон Маск минатата недела изјави дека инвеститорите не треба да бидат загрижени дали Тесла следната година ќе може да произведува по 100.000 „модел 3“ автомобили неделно.

Маск ги загрижи инвеститорите кога предупреди дека Тесла ќе влезе во „производствен пекол“ кој ќе трае најмалку 6 месеци, за да ја исполни целта до декември да произведува по 5.000 „модел 3“ автомобили неделно.

 

Loading...