Анален секс, задоволство или табу тема?

Многу жени тврдат дека со анален секс можат многу полесно да доживеат оргазам, додека пак самата помисла на анален секс кај многу луѓе предизвикува неудобно чувство.

Машките најчесто сакаат да го “испробаат” ова искуство, а потоа и често имаат неизмерна желба да го повторат истото. Сепак многу луѓе имаат предрасуди за аналниот секс, од тоа дека не е нормална работа, или дека тоа алудира на хомосексуалност, додека пак девојките најчесто се плашат од болки.

Доколку сепак сакате да го испробате ова искуство треба да внимавате на неколку работи:

Никогаш не се обидувате да имате анален секс на сила, тоа сигурно нема да биде пријатно чувство ни за девојката ниту пак за машкото. За да имате анален секс треба навистина да го сакаат тоа двата партнери и да бидат опуштени при самиот секс, бидејќи некогаш аналниот секс може да биде мошне болен.

Немојте да брзате при истото и секогаш користете презервативи и лубриканти. Со избрзување само можете да се повредите, а сигурно не го сакате истото доколку сакате да уживате во новото искуство.

Секогаш внимавајте на преносливите болести и користете презервативи, додека пак за полесна пенетрација многу паметно е да користите лубрикант.

Немојте да се разочарувате по првиот обид, на секој пар му треба време за работите да испаднат како што треба. Бидете стрпливи и уживајте постепено работите ќе си дојдат на место.