Една држава ги осакати виртуелните валути: Никој не се надеваше на ова, загуба од 100 милијарди долари

Водечките светски криптовалути, меѓу кои биткоин, рипл и етериум, претрпеле остар удар, после веста дека Јужна Кореја е спремна за забрана на дигиталните валути.

Вредноста на биткоинот утрово падна за речиси 6 отсто, на етериумот 11 проценти, а валутата рипл за околу 9 отсто во однос на ценовните нивоа на кои биле ден претходно.

Јужнокорејскиот министер за правда Парк Санг-ки изјавил дека неговото Министерство „подготвува закон за забрана за тргување со криптовалутите“, пренесе Си-Ен-Ен.

Пет минути после таа вест, вредноста на целокупниот пазар на криптовалути паднала за преку 106 милијарди долати во однос на пазарната капитализација од почетокот на денешниот ден.

Јужна Кореа е еден од клучните пазари за тргување со криптоцалути.