Дознај се'

Објавена нова листа на должници – еве кој не платил данок

Објавена нова листа на должници – еве кој не платил данок

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави првата листа на должници за оваа година на која се најдоа вкупно 3.964 физички и правни лица.

Нивните долгови се доспеани до 30 септември и неплатени до 31 декември лани, а се по основ на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Кај физичките лица и самостојни вршители на дејност, долгот надминува 120.000 денари, додека кај правните лица тој износ е повеќе од 300.000 денари./Извор: Мета.мк