Карзаи: Европа да го врати мирот во Авганистан за да можат бегалците да се вратат

Поранешниот претседател на Авганистан, Хамид Карзаи, изјави дека сака независен поглед од Европа кон неговата земја додавајќи дека на таа земја ѝ се потребни просперитет и безбедност. Тоа е пресудно за намалување на бранот бегалци од Авганистан, рече Карзаи.
„Европа би требало да придонесе во создавањето мирни услови во Авганистан за  Авганистанците да можат да се вратат во својата земја“, објасни Карзаи.
Порашениот претседател на Авганистан нагласи дека е против правењето разлика меѓу бегалците кога се работи за критериум на безбедност во нивните домови, на пример меѓу Сиријци и Авганистан.
Во врска со долгогодишното присуство на американската војска во Авганистан и јакнењето на исламистичките струи по терористичките напади на 11 септември 2001 година, Карзаи оценува дека Американците не придале важност на она што го виделе или не виделе што се случува.
Тој порача дека за изградба на сопствена безбедност неопходно е време, критикувајќи го големиот број  цивилни жртви во воените напади.