Дознај се'

Осумгодишник секој ден пешачи до училиште, од студ му смрзнала косата

На осумгодишник од Кина му смрзнала косата откако до училиште пешачел 4,5 километри на многу ниска температура. Ванг Фуман живее со сестрата и бабата во населбата Лудиан каунти, додека неговите родители работат во град.

Ванг едно утро во училиште се појавил со заледена коса, црвени образи и испукани раце, откако пешачел до школо на минус девет степени.

Иако ова за него не е ништо необично, тоа утро го измамило сонцето па во школо тргнал во тенок џемпер и јакна, без капа и нараквици.

Неговите врсници му се смееле кога го виделе, а тој останал храбар и рекол дека му било студено, но не и тешко.

Ванг своето време вон школските клупи го поминува помагајќи и на бабата на семејниот имот. Вели дека за Нова година посакал добро да учи и да заработи пари за да и купи лекови на болната баба.