Дознај се'

Американскиот Стејт департмент со предупредување за можен тероризам до своите граѓани за оваа соседна држава

Американскиот Стејт департмент ги предупреди државјаните на САД кои планираат да патуваат во Косово де бидат дополнително внимателни поради опасност од тероризам. Во предупредувањето кое што го објави Амбасадата на САД во Приштина се наведува дека терористички групи продолжуваат да планираат можни напади во Косово.

Во соопштението се додава дека терористите би можеле да нападнат „со мало или без никакво предупредување“ и нивна цел би биле туристички локалитети, транспортни центри, пазари, трговски центри, владини објекти, хотели, клубови, места за богослужба, паркови, спортски и културни настани, образовни установи, аеродроми и други јавни површини.