Дознај се'

Силна експлозија – мета на нападот познат албански бизнисмен

Шест лица се повредени денеска при експлозија во Скадар, а една од повредените била вработена во црногорската радио-телевизија. Според извори од албанската полиција, цел на нападот бил албанскиот бизнисмен Љуљзим Кула.

Експлозијата се случила околу 10:30 часот во центарот на градот, при што две лица биле тешко повредени.

Албанските медиуми објавија дека експлозивот бил ставен на мотоцикл, кој се наоѓал пред зградата во која биле сместени и просториите на српско-црногорското малцинство.

Новинарите на радио-телевизија Црна Гора соопштија дека сцените од местото на експлозијата биле длабоко вознемирувачки, дека ситуацијата е хаотична и дека е чудо како нема посериозни последици.

Во непосредна близина на местото на експлозијата се затекнала екипа на црногорската телевизија. Меѓу повредените била и една од вработените во телевизијата, кој била пуштена од болница откако и била укажана помош.

Од телевизијата потвридиле дека ќе го повлечат својот тим в