Дознај се'

Тежок инцидент за кој зборува цела Македонија: Прво го претепале, па му го запалиле “пежото”

Прилепската полиција до Основното јавно обвинителство – Прилеп поднела кривична пријава против Д.В. (26) и Б.Ј. (21), двајцата од Прилеп, поради постоење сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што информираат од МВР, на 11-ти јануари годинава, двајцата насилници физички нападнале човек и го запалиле неговото возило.

Според податоците, тој ден во 01.00 часот оштетениот П.Л. со неговиот другар со автомобил „пежо 306“ со прилепски регистарски ознаки се паркирале пред продавница на улица „Марксова“ за да купат јадење.

Во еден момент до него се доближило возило „ауди 3“ со прилепски регистарски ознаки, во кое биле пријавените. Притоа, Д.В. без никакво предупредување му удрил шамар на оштетениот. Во тој момент, П.Л. му се извинил ако му има направено нешто лошо и им рекол дека не ги познава, но Д.В. и Б.Ј. се нафрлиле на него и го удриле по грбот и рамото.

П.Л. се обидел да им побегне, а пријавените го стасале набргу и почнале да го удираат со тупаници, при што му нанеле тешки телесни повреди. По кратка борба оштетениот успеал да избега, а пријавените зеле еден клуч за тркала и една пумпа и со тие предмети почнале да го кршат возилото на оштетениот. После тоа, Д.В. го зел „пежото“ на П.Л. и заминал на автопатот за Битола, каде што со запалива течност го запалил и тоа изгорело целосно. Со извршеното дело Д.В. и Б.Ј. предизвикале материјална штета од 90.000 денари.