Дознај се'

Црн 13-ти јануари: Две жени изгореа живи во страшниот пожар што беснееше во старечкиот дом во Калитеа

Две жени починаа, а уште две се повредени во пожар кој изби во старечки дом во Калитеа, во јужното предградие на Атина.

Како што пренесе агенцијата АНА, пожарот избил во утринските часови во сутеренот на домот.

Загинале жени на возраст од 68 и 55 години. Тие одтанале заробени во својата соба која се наоѓала на сутерен.

Уште две жени се префрлени во болница поради респиратосни проблеми. И нивната соба била во сутерен.

Останатите корисници на домот биле евакиурани, а потоа и одвезени во болница на преглед.