Трогателно: Нема да останете рамнодушни кога ќе видите зошто се откажал од своите подароци!

Алекс Ховатер, шестгодишник од Калифорнија, на цел свет му покажа колку големо детско срце има. Имено, тој на бездомниците во својот град им поделил храна, вода, облека.

Се` започнало откако видел бездомник како спие под мост. „Имаше стотици прашања. Сакаше да знае дали тој живее таму, што ќе јаде, како ќе се затопли“, раскажува мајката на Алекс, Машел Ховатер.

Кога дознал како бездомниците живеат, ниту момент не се двоумел и се откажал од сопствените подароци, како би направил нешто за другите.

Семејството направило осум пакетчиња и заедно со Алекс отишле да им ги дадат на луѓето кои живеат на улица.

Мајката ја ставила снимката на социјалните мрежи со надеж дека ќе ги потсети другите дека треба да им се помага на оние кои им е најпотребна помош.