Македонија против европскиот вицепрвак Шпанија во Вараждин

Македонија вечерва против европскиот вицепрвак Шпанија ги продолжува натпреварите на Европското првенство. Во Вараждин македонските ракометари ќе се обидат да ја продолжат серијата без пораз на првенството.

Со „црвената фурија“ Македонија има одиграно пет натптревари и има пет порази. Ланскиот дуел во Мец (25:29) беше најдобриот против шпанскиот состав. Во Вараждин како и во Загреб македонските навивачи ќе бидат од голема помош за избраниците на селекторот Раул Гонзалез. Во составот на Шпанија за овој дуел се враќа Агинагалде, место Гони, додека и селекторот на Македонија Раул ја направи очекуваната промена во составот, вратен е Филип Лазаров место Никола Маркоски. Дуелот во Вараждин Арена почнува во 20:30 часот, а ќе го судат белоруските судии Гуско и Репкин.