Почина актерот познат како Тинки Винки од Телетабиси

Актерот Симон Шелтон Барнес починал во 52 година, потврди неговиот син Хенри преку Фејсбук.

„Го изгубив саканиот татко. Тој беше најљубезниот и најплеменитиот човек кого го познавав. Го сакам повеќе од сè. Секогаш како дете се срамев што тој е танцувач и актер, но денес не можам да бидам погорд. Сега е на подобро место и знам дека не би сакал да бидам тажен. Затоа ќе го живеам својот живот онака како што тој би сакал“, напишал Хенри.

Се огласило и семејството Барнес повикувајќи ги пријателите на погребот да носат весели бои во сеќавање на актерот.

Барнес е најпознат по улогата Тинки Винки од популарната детска емисија Телетабиси.