Финска и Азербејџан тест-противници на Македонија

Откако Македонија ги доби противниците во новото УЕФА натпреварување Лига на нации, беа договорени и пријателски средби во ФИФА терминот во март.

Најдобрата фудбалска селекција на Македонија во март ќе одигра два пријателски натпревари.

Договорени се средби со Финска на 23 и со Азербејџан на 27 март. Натпреварите ќе бидат одиграни на неутрален терен, во Анталија, Турција.

На последната ранг-листа на ФИФА Финска е за пет места подброрангирана од Макеоднија, се наоѓа на 68. место, додека Азербејџан е на 118. позиција.

Во новоформираната Лига на нации, противници на Македонија ќе бидат Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.