Наставници, инженери и пензионери од Шпанија уапсени поради педофилија

Полицијата во Шпанија успеала да разбие педофилска мрежа активна низ целата земја, при што биле уапсени 40 осомничени, објавија денеска светските медиуми.

Меѓу уапсените имало наставници, инженери, вработени во јавниот сектор, но и невработени лица, па и пензионери, открила полицијата.

Уапсените преку интернет разменувале детска порнографија и користеле посебен софтвер со цел да го отежнат надзорот за властите.

Апсењата се случиле во 17 региони, вклучувајќи ги Мадрид, Барселона, Аликанте и Кордоба, по рации во десетина домови и заплена на лаптопи и повеќе од сто хард дискови, ДВД-а, фотографии и видеа.