ЕВН Македонија ги достави фактурите со нов изглед

ЕВН Македонија од почетокот на годинава почна со доставување на фактурите со нов изглед до корисниците. Новиот дизајн, како што наведуваат од ЕВН Македонија, на корисниците им овозможува лесно читање на сите податоци што се составен дел на фактурата.

На првата страна во горниот дел се напишани податоците за корисникот и фактурата. Транспарентно е прикажана потрошувачката на електрична енергија во ниска и висока тарифа, изразена во кwh и денари. Дијаграмот во долниот лев дел јасно покажува каде и во колкав процент одат средствата кои ги плаќаме за потрошена електрична енергија.

На втората страна се напишани совети за штедење, начини на плаќање на фактурата како и упатство за наједноставно онлајн плаќање со што сметките можат да се плаќаат преку компјутер без провизија притоа избегнувајќи чекање во ред на шалтерите.