Добра вест: Дизелот поевтинува

xСогласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.21%. Од полноќ за половина денар ќе се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР-95, и еден литар од ова гориво ќе чини 68 денари.

Непроменета останува цената на ЕУРОСУПЕР-98, и еден литар од ова гориво ќе продолжи да се продава за 69.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден денар, и еден литар дизел гориво од вечерва ќе чини 59.50 денари. Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.