По потопот на Волстрит, голем пад на цените на акциите и на европските берзи

Цените на акциите на европските берзи забележаа остар пад следејќи го намалувањето на индексот на Волстрит и другите светски берзи. Вложувачите стравуваат од засилување на инфлација и зголемување на каматните стапки.

„STOXX 600“ индексот, кој е водечки на европската берза, падна за 2,6 проценти забележувајќи пад седми ден по ред. Лондонскиот „FTSE“ падна на 7.192 поени, додека парискиот „CAC“ лизна за 1,85 проценти на 5.185 бодови, а франкуртскиот DAX за 2,05 проценти на 12,434 бодови.

Падот на цените на европската берза следи по потопот на Волстрит, каде индексот „Dow Jones“ и „S&P 500“, вчера потонаа за повеќе од 4 отсто, што е нивен најголем дневен пад од 2011 година, кога на пазарите владееше паника поради должничката криза во еврозоната и намалување на кредитниот рејтинг на САД.