Регионот во тага – почина познатиот актер со чии филмови растевме

Српскиот актер Небојша Глоговац почина утринава на 48-годишна возраст, неофицијално било потврдено за „Новости“ од Институтот за онкологија во белградската клиника. Зад себе остави три деца.

Тој пред десет дена итно бил примен во болница. Тогаш српските медиуми објавија дека Глоговац е тешко болен и дека неговата здравствена состојба е критична.

По завршување на средно училиште, се запишал на студии по психологија на Филозофскиот факултет, а по две гдини се предомислил и се запишал на Факултетот за драмски уметности во Белград. Глоговац првата улога ја остварил во серијата „Подобар живот“, објави „РТС“.

Прв филм во кој се појавил е „Вуковар, една приказна“. Првата главна улога ја остварил во филмот „Убиство со предумисла“. Потоа се ределе главни улоги во „До коска“, „Буре барут“, а голема популарност стекна со улогата во серијата „Семејно богатство“.