Комисиите за култура поддржале некомерцијални проекти-новини за интердисциплинарни уметности

Претседателите на комисиите што по дејности одлучувале за поддршка на проектите од годинешниот конкурс за култура, на денешната прес конференција ги образложија своите одлуки. Вкупно се добиени повеќе од 5000 пријави (5018).Во речиси сите дејности има видливо зголемен број на пријави, , во ликовната, музичката, фолклорната и драмската дејност, на годинашниот конкурс пристигнаа 2066 проекти – 500 проекти повеќе, или над 25% повеќе апликации отколку во претходните две години (за споредба, во 2016 година беа пристигнати 1556 проекти, во 2017 година 1593 проекти).

Оливера Ќорвезироска, претседател на комисија за издаваштво, вели дека зголемениот број на пристигнати пријави од физички лица се должи и на тоа што е воведено ограничување за издавачките куќи, но и укажува на засилена и гласна порака како одговор на застоените практики досега.

Министерството за култура од овој конкурсен циклус воведе целосно нова конкурсна апликација за интердисциплинарни проекти, со што ја демонстрира и во пракса заложбата за приклучување на македонската култура кон современите и иновантни светски трендови.

Ѓорѓи Јовановиќ, од оваа комисија, истакнува дека се поддржани 74 проценти од апликациите во оваа нова институционална дејност.

Во музичко – сценската дејност обезбедиле средства за фестивали на алтернативните жанрови – рок, електронска и светска музика, а поддржале и повеќе џез манифестации покрај веќе етаблираните фестивали.

Васо Ристов, претседател комисија за музичко-сценска дејност, вели дека ќе бидат објавени нови 40 носачи на звук, ќе бидат поддржани 40 фестивали, 100 концерти. 29 музичко сценски-сценски проекти.

Според Тони Васиќ, претседател на комисијата за визулената уметности имало силна конкуренција но за жал се покажува дека слабост се подготовките на самите апликации и сугерира Министерството да организира вакви работилници во иднина.

Хамди Рашити, претседател на комисијата за драмска дејност вели дека таа ќе биде рамноправно институционално застапена. Поддржани се 123 драмски проекти.

Приоритетни се и загрозени фрески, икони, историски објекти, како на пример црквата во Курбиново, Скопскиот акведукт, фреската Св. 15 Тивериополски маченици, се планирани или за директна конзервација или за изработка на основен проект, што е прв чекор во нивното санирање и заштита. Министерството за култура обезбедило средства за санација на сите загрозени објекти на националните установи. Со посебна програма од 60 милиони денари, ќе се реконстриираат покриви во над 20 објекти.