Лавови изеле ловокрадец, останала само неговата глава

Чопор лавови усмртиле и изеле лице за кое постојат сомневања дека било ловокрадец, во близина на Националниот парк Кругер во Јужноафриканската Република, соопшти денеска полицијата.

Остатоците од телото пронајдени се викендов во грмушка во приватен забавен парк во близина на Хедспруита, во северната провинција Лимпоп, каде ловокрадците ги засилиле своите активности во последниве неколку години.

„Изгледа дека жртвата била во нелегален лов во забавниот парк и дека лавовите ја нападнале и убиле.

Го изеле речиси цело тело. Останала само главата“, рекол полицискиот портпарол Моатше Нгепе.

Во близина на телото проднајдена е наполнета пушка. Полицијата се обидува да го утврди идентитетот на жртвата.