Министерство за култура: Не им сугерираме на театрите со кои режисери да работат

Министерството за култура не се меша ниту им пак сугерира на театрите со кои режисери ќе работат или со кои режисери имаат интерес да ги постават претставите во нивните установи, велат од министерството во однос на текстот на „Макфакс“ за распределбата на театарскиот буџет.

На прашањето дали има ограничување во одлучувањето на Комисјата за драмска дејност, со колку проекти може да се поддржи еден режисер, од Министерството за култура го истакнуваат следново:

„Сигурно дека самите театри кога предлагаат проекти до Министерството, се трудат во нив да вклучат истакнати режисерски имиња, кои би биле и своевидна гаранција успешна изведба на претставите. Во таа смисла, може да се случи да се повторат некои имиња на режисери во повеќе театри и тука ниту Министерството, ниту комисијата не може да имаат некакво влијание“.

Оттаму наведуваат дека тие не прифаќаат проекти на режисерите, туку програми на театрите и во тој контекст наведуваат дека во програмата веќе не постои партиска, идеолошка или каква било друга негативна селекција.