Најизолирана во светот: Приказната за мистериозната куќа на напуштен остров

Најизолираната куќа на светот се наоѓа на убавиот остров Елидеј во близина на јужниот брег на Исланд. Иако овој остров последен пат бил населен пред речиси 300 години, на него и денес се наоѓа мистериозна куќа со фантастична историја.

Островот се наоѓа во преубавиот архипелаг Вестманејар, а на почетокот на 18. век на него живееле пет семејства кои се занимавале со риболов, лов на птици и одгледување стока. Меѓутоа, животот толку изолиран од цивилизацијата станал исклучително тежок, па до 1930. година и последниот жител го напуштил овој остров.

Во децениите кои настапиле, поранешните жители на овој остров сфатиле дека не постои подобро место за лов на диви птици од ова па поради тоа 1954. година изградиле куќа која ја користат за време на своите ловечки мисии.

Така мистериозната куќа, како што ја нарекоа сите кои ја видоа од авион или брод, всушност е засолниште за локалното ловечко здружение, иако веќе со децении за неа се раскажуваат разни приказни – од тоа дека станала дом на некој ексцентричен милијардер, па до најновите дека куќата е на позната пејачка.

Инаку, до островот се стигнува само со брод, но приодот е исклучително отежнат, па до централниот дел може да се стигне со помош на јаже кое се наоѓа на неговата долна источна страна. Така доаѓањето на овој остров е вистинска авантура, а погледот кој се пружа од него е фантастичен.

Самиот остров е од вулканско потекло, а настанал после ерупција пред пет или шест илјади години.