(Фото) Снег ја затрупа југозападна Македонија

Интензивни врнежи од снег во Преспа и одтанатиот дел од југозападна Македонија денеска.

Поради обилните снежни врнежи на подрачјето, СВР Охрид презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“. Напоменуваме дека забрана за движење кон планинскиот превој „Буково“ важи и за патничките моторни возила.

Во таа насока, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, поставија сообраќајни контролни пунктови кај „Подмолје“ на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај „Емо“ во близина на селото Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен. На овие патни правци не се дозволува движење на тешки товарни возила а посебно напоменуваме дека забраната за движење се однесува и на патничките моторни возила.

Поради тоа, а со цел избегнување на несакани последици, апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили а кон споманите патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.

Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – г.п. Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато.

Воедно, потсетуваме дека за сите моторни возила неопходно е носење и користење на зимската опрема.

Инаку в среда и в четвток во западните и јужните делови ќе има врнежи претежно од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Потоа времето ќе стабилно со ниски утрински температури.

Нови врнежи се очекуваат во почетокот на наредната работна недела.