Лавови уловија ловец во Јужна Африка

Лавови изеле ловец недалеку од националниот парк „Кругер“ во Јужна Африка, соопшти јужноафриканската полиција.

„Очигледно жртвата ловела лавови во паркот, па животните го нападнале и убиле. Го изеле речиси цел, му останала само главата“, изјави портпаролот на јужноафриканската полиција.

Би-би-си пренесе дека полицијата засега не ја идентификува жртвата, а пред неговото тело биле пронајдени наполнета пушка и муниција.