Следува пресврт со времето – подгответе се за снег и дождови

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и в среда.

Во вторник времето ќе биде облачно, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два степени, а дневната од четири до 10 степени.

В среда ќе биде променливо, а претпладне со повремен дожд и снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната од три до десет степени.

Времето в четврток ќе биде променливо облачно, а попладне со подолги сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 1 степен, а дневната од 2 до 7 степени.