Убиени 10 екстремисти и уапсени 400 осомничени во Египет

Египетските безбедносни сили убија 10 екстремисти во размена на оган и уапсија 400 осомничени вклучувајќи и странски борци во операција против исламистите на Синај.

Во најновата офанзива на силите за безбедност досега се убиени 38 екстремисти, пренесе „Ројтерс“.

Големата воена операција, во која учествуваа и војската и полицијата, започна во петокот, а целта е уништување на терористички и криминални елементи и организации во Египет“, изјави портпаролот на војската.

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси, во ноември минатата година нареди вооружените сили да ги уништат екстремистите во рок од три месеци по нападот на исламистите на џамијата каде што животот го загубија повеќе од 300 лица.