Златна кула на 75 спратови: Во Дубаи отворен највисокиот хотел на светот

Дубаи во неделата го отвори највисокиот хотел на светот, висок 356 метри.

Хотелот „Гевора“ за еден метар е повисок од досега највисокиот хотел во истата улица.

Новиот хотел „Гевора“ е кула со златна боја на 75 спратови. Има четири ресторани, базен, луксузен спа центар и гимнастичка сала.

Дубаи ја има и највисоката кула на светот, Бруџ Калифа, од 838 метри.

Властите започнале изградба на нова, уште повисока кула чија висина ја држат во тајност, за да не ги претекне конкуренцијата.

Градот-држава Дубаи е една од главните туристички дестинации на Заливот, а 2017 имала рекорден број од 15,8 милиони туристи.