Филхармонијата ќе поднесе приговор до Министерството за култура за одобрување непостојни проекти

Македонската филхармонија ќе поднесе приговор до Министерството за култура за одобрување средства за непостојни проекти. Ваквата одлука доаѓа бидејќи вчера беше објавено дека Филхармонија добила 4.600 евра за концерт со „Бернајс пропаганда“, а од групата информираа дека првпат слушаат за таков проект.

„Поради констатираните разлики меѓу усвоената годишна програма на Македонската филхармонија од страна на Управниот одбор на установата и објавените резултати од конкурсот на Министерството за култура за проекти од национален интерес во културата во 2018 година, Управниот одбор на НУ Македонска филхармонија, во присуство на в.д. директорот Виктор Илиески, денес одржа вонредна седница на која беше одлучено да биде испратен приговор до Комисијата за музичко-сценска дејност при Министерството за направените пропусти во одобрувањето средства за непостојни проекти во програмата на институцијата“, соопштија од Македонската филхармонија.