(Фото) Вакво нешто во времето на Груевски не можеше ни да се замисли: премиерот Заев, градоначалникот Јанчев и претседателот Иванов наздравија со чашка кавадаречко вино

– Здравица за св.Трифун. Со желби за успешна и плодна година. За многу години празникот, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својата фејсбук страница, објавувајќи фотографија од денешната посета на премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорге Иванов во Кавадарци по повод празникот Свети Трифун.

Фотографија на Митко Јанчев - Градоначалник на Општина Кавадарци.

За време на десет годишното владеење на ВМРО ДПМНЕ, ако не и претходно, невозможно беше да се види ваква средба меѓу градоначалник од опозиција, премиер и претседател кои доаѓаат од различни политички опции.

Фотографија на Митко Јанчев - Градоначалник на Општина Кавадарци.

Дали ова е можеби знак дека на првите луѓе на политичките партии во земјава почнува интересот на граѓаните и државата да им биде пред интересот на партиите и кариерите на политичарите.

Како и да е ова е одличен знак дека Македонија се движи во позитивна насока.