Куче херој: Со својот живот го одбранил семејството од напад на мечок

Кучето Пит го одбранил своето семејство од напад на мечок во Њу Џерси. Пит е посвоен од прифатилиште за кучиња, а поминал 18 месеци со своето семејство пред фаталниот напад.

Пит и останатите кучиња изненадиле мечок кој ги нападнал, а Пит покажал храброст кога му се спротиставил на мечокот и чекал останатите кучиња да се тргнат на безбедно.

За жал повредите кои мечокот му ги нанел биле претешки.

Кучињата биле во прошетка со Кети која е сопственичка на фирмата Me & My Shadow Pets. Тажната вест ја споделила со пријателите на Инстаграм.

„Денес го изгубивме нашиот храбар, стар пријател Пит. Кучето изненади мечок покрај патеката по која планинаревме утрово.

Пит застана и го задржуваше мечокот додека останатите кучиња не се тргнаа на безбедно. Кога се уверив дека сите се на безбедно се вратив и го избркав мечокот, но Пит беше тешко повреден“, напишала Кети.