Османи: Секој политички и државен успех во Македонија е постигнат со помош на САД

28,34,15,10,11,14,12 26Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со в.д. директорката на канцеларијата за Југоцентрална Европа при Стејт департментот на САД, Сузан Фалатко.

Како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот, Османи изразил искрена и длабока благодарност до соговорничката од САД, потенцирајќи го притоа значењето и влијанието кое САД го имаат врз развојот и напредокот на Република Македонија.

„Речиси и да не постои некој позначаен политички или државен успех во Република Македонија што не е постигнат со искрена и несебична помош на САД“, истакна Османи посочувајќи ги притоа како пример независноста на државата, Рамковниот договор, привремената спогодба со Грција, територијалната организација итн.

Османи на средбата го потенцирал европскиот моментум во кој се наоѓа земјата.

„Добивме исклучителна можност, согласно со успешно имплементирање на реформите, но и со адресирање на отворените политички прашања, да почнеме преговори за полноправно членство во Европската Унија и да ја се приклучиме на динамиката за влез до 2025 година“, истакнал вицепремиерот кој го оценил периодот што следи како историски и клучен.