(Фото) Што објави премиерот Зоран Заев предмалку на фејсбук?

Премиерот Зоран Заев вечерва е во својата родна Струмица, каде што се оддржува струмичкиот карневал.

Заев на својот фејсбук профил вечерва објави фотографија каде што е фотографиран заедно со дел од учесниците.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и повеќе министри вечерва присуствуваа на приемот за карневалските групи и гости што го приредува градоначалникот на Струмица и Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал.

Претседателот на Федерацијата на европските карневалски градови, Фердинанд Ван дер Крон му врачи медал на премиерот Заев за неговиот огромен придонес во развојот на Струмичкиот карневал.

Заблагодарувајќи се Заев истакна дека Струмичкиот карневал е вековна традиција на Градот под Царевите кули и дека таквите манифестации се мост за пријателство меѓу народите.

– Овој карневал покажува дека може да биде мост за соработка меѓу градовите и државите и тоа не само меѓу тие во Европа, туку и од цел свет, истакна Заев.

На приемот градоначалникот на Струмица Коста Јаневски му ја врачи наградата на градот „11 Декември“ на претседателот на ФЕЕЦ, Фердинанд Ван дер Крон.

Јаневски во своето обраќање им се заблагодари на карневалските групи од странство за учеството на Карневалот.

На приемот присиствуваа амбасадори и претставници на дипломатските претставништва.