Харадинај: Членките на ЕУ што не го признаваат Косово да не ја блокираат неговата европерспектива

(МИА) – Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја повика Европската унија да најде начин со кој ќе ги убеди петте нејзини членки што не ја признаваат независноста на Косово, да не ја блокираа неговата европска перспектива.

– Непризнавањето на Косово никому не ми го прави животот полесен, изјави Харадинај во интервју за виенксиот весник „Пресе“.

Харадинај при тоа ги повка петте членки на ЕУ што не го признаа Косово, да го сторат тоа, со што, според него, би придонеле за „нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина“.

Осврнувајќи се на дијалогот меѓу Белград и Приштина посветен на нормализација на меѓусебните односи, Харадинај нагласи дека за Косово е важно разговорите да доведат до постигнување „конечен документ“.

– Од војната минаа речиси две децении и време е Косово и неговите граѓани да добијат јасна перспектива, порача Харадинај во интервјуто за „Пресе“.