Осумдесетгодишен Италијанец за одмазда го потпалил домот не неговата поранешна партнерка

(МИА) – Вљубен 80-годишен Италијанец не можел да се помири со фактот дека неговата партнерка го напуштила, па решил да и се одмазди така што ќе и го запали станот.

Италијанецот неколку години бил во врска со една жена, која на крајот решила да го напушти, што тој никако не можел да го прифати и постојано ја следел и прогонувал.

За да се спаси од поранешниот љубовник, жената решила да се исели од местото Чечина, јужно од Рим и да замине кај нејзините деца.

Лут поради тоа, љубоморниот Италијанец, решил да подметне пожар во нејзиниот стан. Тој ја полеал влезната врата на станот со запалива течност и ја запалил. Пожарот сепак бил брзо изгаснат и не предизвикал голема штета.

Полицијата покрена обвинение против 80-годишникот за обид за подметнување пожар. При проверка на неговиот стан, биле пронајдени две пушки и муниција, кои му биле одзмени.