Тригодишно девојче почина пред градинка , воспитувачите го заборавиле на минус пет степени – незапамтена трагедија во Москва

Тригодишно девојче почина како последица на замрзнување, откако воспитувачите го заборавиле во дворот во градинка во Москва, пишува „Дејли Мејл“.

Медиумите пишуваат дека воспитувачите, по два часа, се свестиле дека го нема девојчето.

Телото на малата Закхра Рзајева било пронајдено под големиот нанос на снег, а температурата сето време изнесувала минус пет целзиусови степени.

Покрената е истрага и испитани се сите кои биле во градинката за време на несреќата.

Родителите на девојчето не се во состојба да одговорат на прашањата на медиумите, а нивен пријател вели дека од училиштето им било кажано оти не е вистина дека девојчето било надвор толку долго.

„Тоа го дознав, но не знам што точно се случило. Останува инспекторите да дојдат до вистината“, вели тој.

Засега нема официјални изјави од градинката.