ЗОИ 2018: Братен го освои златото во слоупстајл

(МИА) – Норвежанецот Ојстеин Братен го освои златото во акробатско скијање во дисциплината слоупстајл на Зимските олимписките игри во Пјонгчанг.

Братен имаше одлична прва серија во која доби 95 поени, што се покажа како недостижно за останатите конкуренти.

Втор беше Американецот Ник Гоепер, додека бронзата ја освои Алекс Болије-Маршан од Канада.

Братен е првиот олимпиец кој го освојува златото во акробатско скијање за Норвешка.