Каква храброст! Војник под дожд од куршуми спасува соборец (Видео)

На интернет се појави видео од јеменски војник кој го спасува својот соборец под дожд од куршуми за време на војна во оваа држава.

Бројни корисници на социјалните мрежи од целиот свет со воодушевување ги набљудувале сцените од невидената хуманост и пријателство кои ги покажал еден од војниците од Јемен.

Снимката за кратко време ја прегледале илијадници корисници на популарниот сервис Јутјуб.

Бројни коментари ги разнежниле срцата на многумина, а еден од коментарите под видеото особено се истакнувал: „Ангел чувар мора да постои“.