Му родила две ќерки па од бес ја полил со киселина (Видео)

25-годишна мајка од Њу Делхи добила тешки изгореници на лицето и телото, откако нејзиниот маж ја полил со киселина.

32-годишниот Сирај бил бесен на сопругата Фарах затоа што не му донела мираз, а го разлутило и тоа што по втор пат му родила девојче, а тој сакал син.

Со изгореници на лицето, дланките и стомакот Фарах итно е пренесена во болница.

Нејзината сестра Нусрат Јахан вели дека Фарах пред осум години се омажила за Сирај и дека почнале со караници минатата година кога побарал мираз. Фарах вели дека проблемите со семејството на сопругот настанале откако ја родила првата ќерка.

„Ме обвинуваа дека намерно сум родила девојче. Како што поминуваше времето се повеќе ме малтретираа, а минатата година ситуацијата многу се влоши“.

Под притисок на семејството, Сирај од неа барал да од родителите побара пари.

„Бидејќи не ги послушав, почнаа да ме тепаат, а кога ја родив втората ќерка, работата многу се влоши. Поради децата се трудев да го издржам секојдневното злоставување. Се прашував кој ќе ме издржува мене и децата ако го напуштам Сирај“, вели таа, но признава дека не можела да замисли дека тој ќе оди толку далеку да ја полие со киселина.

„Никогаш тоа нема да му го простам“, вели таа.