Нов напад во Виена

Утрово државјанин на Авганистан нападна член на обезбедувањето на парламентот во Австрија. Напаѓачот се обидел да го извлече од автомобилот членот на обезбедувањето, но тој се одбранил, употребувајќи  спреј.

Инцидентот се случи еден ден откако државјанин на Австрија со египетско потекло со нож го нападна војникот што ја обезбедуваше резиденцијата на амбасадорот на Иран во Виена.

И минатиот месец, се случи напад во Виена, кога 23-годишниот АвганистанецЏафар С. (23) со нож нападна и повреди четири лица во центарот на Виена. Тој во затвор се обиде да се самоубие, но беше спречен од затворските чувари.

За време на сослушувањето Џафар С. изјави дека во Австрија пристигнал во 2015 година заедно со други бегалци. Тој минатата среда со нож избоде тричлено семејство и подоцна и уште еден бегалец бидејќи бил бесен поради условите за живот. Тој денеска се обиде да изврши самоубиство во затворската ќелија.