Полицијата влегла во домот на Д.Д. и извршила претрес – по она што го пронашле полицајците внатре веднаш го уапсиле

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријавa против Д.Д.(45) од Штип, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Пријавениот во текот на овој месец, заради продажба, од непознато лице за сума од 800 евра неовластено набавил еден килограм наркотична дрога марихуана која ја држел во куќа во Штип.

На 09-ти овој месец по обезбедена Судска наредба извршен бил претрес во домот на пријавениот при што била пронајдена и одземена наркотична дрога марихуана спакувана во едно најлонско ќесе со вкупна нето маса од 873,6 грама.

На пријавениот од страна на Судија на предходна постапка одредена му била мерка притвор во траење од 30 дена.