СДСМ: Се решаваат наследените проблеми во „Еурокомпозит“

СДСМ соопшти дека Владата продолжува да ги решава наследените проблеми предизвикани од власта на ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија тврди дека со реализацијата на одлуката на Владата предводена од СДСМ, надминати се наследените проблеми во АД „11 Октовмри Еурокомпозит“ и на вработените во ова претпријатие исплатен им е надоместокот.

„Министерството за внатрешни работи ја продолжи реализацијата на договорот со АД ’11 Октомври Еурокомпозит’, изврши репрограмирање на обврските кон ‘Еурокомпозит’ и изврши авансна исплата на обврските предвидени со договорот за изработка на производи наменети за потребите на Министерството. Кога МВР ги исполни своите обврски и изврши авансна исплата, Министерството за финансии преку трезорската сметка веднаш ги префрли парите на АД ’11 Октомври Еурокомпозит’, со што за секој од вработените е обезбеден надоместок од 22.000 денари“, соопшти СДСМ.

Покрај исплатата на надоместокот за вработените, СДСМ известува дека Владата активно се вклучила во изнаоѓањето трајно решение на проблемите во фабриката АД „11 Октомври Еурокомпозит“. Во таа насока Владата предовдена од СДСМ ќе обезбеди финансиски средства за изработка на финансиска и правна анализа за компанијата, а ќе бидат разгледан можни решенија за системско решавање на напластените проблеми од изминатите години.