Тест во три секунди: Откријте колку се стари јајцата од продавница

Јајцето е намирница која секогаш ја имаме во фрижидер. Јајцето е вистински спас за доручек на брзина, но и база во рецептите за речиси секој колач…

Меѓутоа секогаш постои дилема околу тоа дали јајцата кои ги користиме се свежи. Во тоа помага мал трик за кој ви се потребни само неколку секунди.

Најсвежо јајце: Штом ќе го потопите јајцето во сад со вода, тоа тоне на самото дно и останува да лежи неподвижно.

Јајце старо 7 дена: Откако јајцето ќе го ставите во сад со вода, тоа останува прилепено за дното, но не со целата површина, еден крај е благо подигнат.

Јајце старо 3 недели: Јајцето чиј рок на траење е пред самиот крај, во садот со вода се балансира во средината и со својата тежина лесно се подигнува од дното на садот.

Старо јајце: Јајцето е опасно за јадење кога веднаш се подигнува од дното на садот и плута на површината на водата.