Запалена викендицата на познат функционер на ВМРО ДПМНЕ

Да го расветлат случајот и да ги откријат причините, поради коишто избил пожар во викенд куќата на координаторот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Општина Прилеп, Петар Ристески, побараа од Општина Прилеп.

– Да се разјасни и најмал сомнеж.

Личната и безбедноста на имотот на политичарите, од која било политичка провиниенција, на сите граѓани е императив во едно демократско општество, кон коешто се стремим, соопштија од кабинетот на прилепскиот градоначалник.

Инаку според неофицијални извори синоќа била опоѓжарена викендицата на претседатлеот на ДПМНЕ во Прилеп, кој извршува и советничка функција.