(Видео) Братот на обвинетиот Фејзи Азири во „Монтрум“: Да се објави разговорот со Невзат Бејта

По рочиштето за случајот „Монструм“, Бејди Ајдари побара јавно да се објават снимките од разговорите меѓу брат му Фејзи Азири и ексградоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.

Тој додава дека ако разговорот е приватен, би било смешно да се објави.

„Посочи дека возилото ‘опел омега’ не е тоа чија слика е ставена на интернет, а исто така дека тој автомобил не е на „алфите“, туку на друга личност. Ако се сеќавате, јас не сум изјавил дека тој автомобил е на „алфите“. Сосема трето лице, односно Македонец е тој што изјавил дека автомобилот е на „алфите“ и дека бил приведен со него. Ако не е тоа- тоа, зошто претходниот суд не им го достави тоа како доказ на обвинетите? Зошто се крие автомобилот? Тоа е јасно. Горан Наќевски не се потруди да ја презентира сликата од разузнавачот. Чиј телефон бил тој, какви разговори имало, бидејќи, како што велеше, воделе паралелна истрага. Ни нам не ни е лесно“, вели Бејди Ајдари, брат на обвинетиот Фејзи Азири, кој не дојде на денешното рочиште.

Ајдари прашува по кој основ СЈО го презел случајот „Монструм“, односно додава дека тука има незаконски прислушувани разговори, а од нив ќе се откријат вистинските сторители.

Случајот „Монструм“ е одложен за 15 мај поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири, кој, според одбраната, бил хоспитализиран на пулмологија. На ова реагира обвинителката Фатиме Фетаи велејќи дека е несериозно отсуство на обвинет да се правда само со еден документ. Ова беше прво рочиште откако СЈО го презеде случајот за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

(Makfax)