Денеска без струја делови на Сарај, Ѓорче Петров, Аеродром, Карпош…

„ЕВН Македонија“ АД известува дека денеска се планирани следните исклучувања во електросистемот и без електрична енергија ќе останат: во периодот од 9 до 14 часот корисниците на дел од село Ласкарци, општина Сарај, во периодот од 9 до 14 часот репетиторот „Телеком“ кај ловиштето Јасен, општина Сарај, а во периодот од 9 до 14 часот корисниците на ресторанот во кањонот Матка, „Кањон Матка“, како и манастирот „Св. Андреј“, општина Сарај.

Од 14 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците на село Кондово, Кучково и Грачани, викенд-населбата Веле Поле, с. Рашче, Копаница и Бојане, село Долно и Горно Свиларе, село Радуша, Дворце и Орашје, како и караулата „Чашка“, во општина Ѓорче Петров и во Сарај.

Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците на стопанските субјекти кај „Тобако 2“ до градилиштето на булеварот Јане Сандански, „Кафанче“, фурна „Боби“, „Гирадико“, аптеките „Виола“ и Зегин, „Продизајн студио“, пицеријата „Бела“, „Тобако“, пекарницата „Филип“ и другите на тој потег во општина Аеродром.

Без струја од 8 до 11 часот ќе бидат корисниците на сите стопански и нестопански објекти во викенд-населбата Јане Сандански, село Орешани и село Таор (општина Зелениково), од 9 до 14 часот корисниците на Агенцијата за електронски комуникации кај Зајчев Рид (општина Карпош), а од 9 до 17 часот струја ќе немаат и корисниците на маркетот „Зур“, дел од улицата Антон Попов (од „Шампионче“ кон Центар), како и детската градинка „Мимоза“ во општина Кисела Вода.