Макпетрол ја отвори новата бензинска станица во Гевгелија – Од сега и ново дизел гориво достапно за возачите

Макпетрол АД Скопје продолжува да инвестира во сопствени, нови капацитети и истовремено продолжува и понатаму со зацртаниот инвестициски циклус. При тоа, со постојана тимска работа на стручниот и професионален кадар, Макпетрол АД Скопје ги имплементира највисоките европски стандарди во сегментот на трговијата со нафтени деривати. 

Денеска во 13 часот, свечено беше отворена целосно обновената Бензинска станица во близина на граничниот премин Богородица, на која присуствуваа високи претставници на компанијата.

Макпетрол АД Скопје оваа инвестиција ја смета како една од најклучните бензински станици на главната трансверзала на коридорот 10 токму поради нејзината стратешка поставеност.

Кога порано се проектираше бензинска станица, главниот фокус беше на самата бензинската пумпа, додека помал дел од фокусот се насочуваше кон дополнителни услуги. Но, во последните години концептот е сосема променет. Квалитетните горива и нивната достапност се секако и понатаму императив за Макпетрол, но денес многу повеќе се насочуваме и кон дополнителните содржини на бензиските станици.

Денес тие станаа мултикопмлексни услужни објекти каде оние што патуваат можат да добијат целосна услуга. За овој концепт најдобар доказ е и оваа бензинска станица. Како што и самите можете да видите се работи за нов архитектонски дизајн кој го покажува правецот во кој ќе се движат новите бензински станици на Макпетрол“.изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

Тука потрошувачите ќе можат да набават се она што им е потребно за нивното патување. Одличната услуга, квалитетот на производите што ги нудиме и достапноста се докажана политика на нашата компанија, а воедно се и дополнителни придобивки за потрошувачите. Функционалните делови на станицата се организирани на начин преку кој гарантирано нема да се создаваат редици во најфреквентните делови од годината. Оваа станица е одраз на стратегијата која во Макпетрол постојано се спроведува. Тука потрошувачите ќе можат да се снабдат со се она што им е потребно за нивното патување. – додаде Тасевски.

„Ова лето на оваа делница се очекува да поминат околу 750.000 возила кои ќе ги дочекаме подготвени и добро организирани, во 4 работни смени со 8 вработени во секоја, кои ќе бидат задолжени за исполнување на сите потреби на нашите потрошувачи, се со цел преку брзата и ефикасна услуга оваа бензинска станица да стане редовна попатна станица за одмор и релаксација на секое патување по коридорот 10.“ – додадоа од компанијата.

Денешните бензински станици станаа многу повеќе од попатни места каде што само се точи гориво. Станаа дестинации сами за себе, станаа и место за одмор, а особено на вакви трансверзали кои се едни од главните артерии за целата летна миграција.

Оваа значителна инвестиција на Макпетрол е најдобар доказ дека чекориме заедно со светските трендови и новитети во нафтениот бизнис, и е одраз на еволутивната стратегија која во Макпетрол постојано се спроведува.

Бензинска станица е обновена според барањата и потребите на потрошувачите и во согласност со современите светски стандарди во нафтената индустрија исполнувајќи ги сите безбедносно – технички нормативи.

Преку современите апарати за точење гориво на оваа бензинска станица можат да се услужат едновремено до 10 моторни возила.

При  реконструкцијата се водеше грижа и за нашите потрошувачи со товарни возила, за кои се вградени пумпни автомати со проток на гориво до 120 литри во минута, со што значително се намалува времето потребно за полнење на резервоарите на товарните возила“. – изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

Бензинската станица се простира на површина од 8.000 м2, платформата е под настрешница од 980 м2, а самиот продажен објект има површина од 900 м2.

Подготвуваме и катче за најмалите, а персоналот е секогаш тука да помогне потрошувачите да го направат вистинскиот избор за нивните потреби при патувањето.

Обезбедиме место за одмор за сите, започнувајќи од фамилијарните патници за кои е обезбедена специјализирана соба за преповивање бебиња, пристап и санитарен јазол за инвалидизирани лица, бесплатен Wi-Fi, како и паркинг за лесни и товарни возила.

Макпетрол како најголема нафтена компанија во Македонија има одговорност кон своите потрошувачи. Секогаш се водиме од нашата најголема заложба – бескомпромисен и врвен квалитет, и сето тоа дополнето со постојаното следење на највисоките светски стандарди.

Затоа ја користам оваа прилика да го најавам новото дизел гориво кое наскоро ќе се најде на бензинските станици на Макпетрол. Се работи за  ново дизел гориво дизајнирано со најсовремени адитиви. Испитувањата покажаа дека ова дизел гориво ќе овозможи поголема моќност и подобра заштита на моторот. Истовремено тоа ќе овозможи и намалување на потрошувачката на гориво и, што е особено важно, намалена емисија на штетни гасови.

На крај да нагласам уште еднаш дека преку инвестирање во овој проект создадовме репер преку кој бензинските станици станаа многу повеќе од попатни станици за дополнување на гориво “.- додаде Георгиевски.

Макпетрол АД Скопје продолжува да инвестира во сопствени, нови капацитети и истовремено продолжува и понатаму со зацртаниот инвестициски циклус.