Запознал жена преку интернет, па животот му се претворил во пекол

Љубовните интернет врски можат да доведат до бизарни исходи, а случајот од американската сојузна држава Аризона во кој една жена станала опсесивно поврзана за маж кој го видеа само еднаш, најдобро сведочи за тоа.

Џаклин Адес (31) запознала неименуван маж на интернет страница за запознавање и еднаш се состанале.

Потоа, Адес му испратила повеќе од 65.000 пораки. Некои од нив биле насилни и заканувачки.

Откако непрекинато го малтретирала, го следела и му испраќала заканувачки пораки, Адес сега се соочува со бројни сериозни обвинувања, наведува полицијата.

Жртвата тврди дека Адес му испраќала и по 500 пораки дневно.

Тој маж минатата година два пати ја пријавил Адес во полиција, откако го забележал нејзиниот автомобил паркиран пред неговата куќа.

Кога минатиот месец бил на пат и ги прегледал снимките од надзорните камери од својот дом, ја забележал Адес во неговата куќа.

Веднаш повикал полиција, која дошла и ја пронашла Адес во неговата када.

Потоа, таа дошла и на работа кај жртвата, тврдејќи дека му е сопруга.

Сослушувањето на суд би требало да биде одржано овој месец, а американските медиуми предупредуваат дека ова е само еден од многуте случаи кога интернет познанствата се претвараат во хорор.