До петок сончево и стабилно време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во крајните југоисточни предели е можен краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималните температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а максималните од 20 до 27 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со температура од 15 до 26 степени.

До петок времето ќе биде стабилно, освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.