Драма во Македонија: Со возило прегазени двајца млади на пешачки

Вчера на пешачки премин на тетовската улица Браќа Миладинови, автомобил „голф“, без регистарски ознаки, удрил во двајца пешаци на возраст од 22 години.

По инцидентот, возачот, без да застане, го напуштил местото на настанот. Пешаците добиле повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа на тетовската полиција, од каде што преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

ВО ТРЕНД